Апелациски суд во САД: Засега нема користење пари за ѕидот кон Мексико

47
ФОТО: EPA / MICHAEL REYNOLDS

Апелациски суд вчера ја потврди одлуката за замрзнување на пари за изградба на ѕид на американската граница со Мексико од страна на Пентагон, и тоа предизвика сомневање дека претседателот Доналд Трамп може да го исполни главното ветување од претходната зборната кампања пред следните претседателски избори во 2020 година.

Судски совет во Сан Франциско се согласи со пресуда од понизок суд со која владата е спречена да ги искористи парите на Министерството за одбрана за да изгради приоритетни делови од ѕидот во Аризона и во Њу Мексико.

Случајот се уште може да се разгледува, но ѕидот не може да се гради додека процесот трае.

Во мај, суд од пониска инстанца пресуди дека администрацијата на Доналд Трамп мора да престане да користи пари од фонд на МО за градење на ѕидот на американската јужна граница со Мексико.

Судот оцени дека Конгресот на САД не дал „специфична” дозвола за администрацијата да ги искористи парите за изградба на пограничен ѕид.

ФОТО: EPA / MICHAEL REYNOLDS

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...