Апатурај: Стабилноста на Западниот Балкан се уште не е обезбедена

62
ФОТО: МИА

Стабилноста на Западниот Балкан се уште не е обезбедена, бидејќи постојат предизвици и тензии во регионот, па затоа НАТО сака да помогне за нивно надминување, изјави денеска заменик помошникот на генералниот секратар на Аллијансата за политички прашања и безбедносна политика, Џејмс Апатурај.

– Регионот не е дворот, туку тој е една од собите на нашиот заеднички европски дом и затоа сакаме да придонесеме за неговата безбедност – изјави Апатурај во обраќањето на форумот „Недела на НАТО“, што се одржува во Беград.

Тој изјави дека Западниот Балкан од секогаш бил регион со стратешко значење, но дека неговото политичко значење порасна во последните години, па затоа НАТО вложува дополнителна енергија и поттик до западнобалканските земји за остварување на нивните цели, независно од тоа кои се тие.

– Некои земји сакаат да влезат во НАТО, а некои не и ние го поддржуваме тоа – изјави Апатурај, додавајќи дека Алијансата нема намера на своите партнери да им наметнува работи и барања, како што е на пример да се бира „меѓу Истотот и Западот или меѓу Русија и НАТО“.

ФОТО: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...