Анџелина Џоли го обвини поранешниот сопруг Бред Пит дека не плаќа доволно финансиска поддршка за децата, како најнова етапа во нивната долга бракоразводна постапка.
Адвокатката на 43-годишната актерка и режисерка вчера поднесе документи во кои тврдат дека 54-годишниот актер не плаќал „значителна“ алиментација за децата во изминативе 18 месеци.
– Заклучно со денеска, Пит нема платено значителна финансиска помош за децата од разводот – стои во документите што ги поднесе адвокатката на Џоли, Саманта Блеј Деџин.
Џоли вели дека нејзиниот поранешен сопруг не си ги исполнил неформално договорените финансиски обврски и мора да си ги побара парите по судски пат.
Во документите исто така се бара разводот за да се финализира годинава, од што може да се заклучи дека на Џоли ѝ се брза да го стави бракот зад себе.
Инаку се проценува дека Џоли има богатство од 160 милиони долари.
Таа поднесе барање за развод во септември 2916.
Џоли и Пит имаат шест деца заедно: Медокс (16), Пакс (14), Захара (13), Шајло (12) и 10-годишните близнаци Вивиен и Нокс.