Анџелина одлучи, целото богатство ќе му го даде на нејзиното златно момче ФОТО

Тој ја „поддржал“ во време на разводот од Бред Пит, кога одлучила Анџелина да го врати своето моминско презиме Џоли.

4113

Американските медиуми пишуваат дека актерката Анџелина Џоли одлучила целото свое богатство да му го остави на својот „златен син“, Медокс (17). Тој ја „поддржал“ во време на разводот од Бред Пит, кога одлучила Анџелина да го врати своето моминско презиме Џоли сега и кога официјално се разведе од Пит.

– Бред е бесен поради одлуката на Анџелина парите да му ги остави на Медокс – наведува добро информиран извор.

Одделението за деца и семејство во Лос Анџелес, покрена истрага околу анонимната дојава дека Бред Пит наводно го нападнал Медокс на летот од Франција во САД.

Наводно, со таа случка почна распадот на Анџелина и Бред. На крајот, сѐ помина без обвинение, а Бред Пит остана огорчен.

Анџелина одлучила Медокс да го стави на чело на нејзиното филмско царство, занемарувајќи ги неговите сестри и браќа.

– Медокс застана на мајчината страна во текот на разводот помеѓу Анџелина и Бред. Поради тоа, таа сака да му се оддолжи и да го стави на чело на своето царство. Медокс стана нејзина десна рака кога станува збор за семејството и бизнисот. Тој е нејзиното златно момче, но некој мора да ја потсети дека таа има уште пет деца! – навел истиот извор.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...