Анѓушев: Фломастерот падна од висина и удри на масата

Вицепремиерот изрази жалење ако некој на подруг начин го сфатил настанот на брифингот во Владата од пред неколку дена.

3799

Вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев денеска на прес-конференцијата во Владата изрази жалење дека бил погрешно разбран на брифингот со новинарите пред неколку дена на кој, според него, му паднал фломастерот и удрил на масата, а за кој, беше обвинет дека со тоа нападнал новинар.

– На брифингот во Владата на РМ додека објаснував за деталите на процесот за радвижување на инвестициите во РМ, на завршувањето на настанот, од висина го испуштив фломастерот на најблиската маса и жалам доколку некој тоа го сфатил на подруг начин. Ниту имав идеја тоа така да го сфатат, ниту пак така постапив – рече Анѓушев.

Тој побара од новинарите за него да судат по постапките и резултатите кои ги остварува.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...