Анѓушев: Транс-анадолскиот гасовод нуди алтернативи и дава конкурентни цени ВИДЕО

264

Транс-анадолскиот гасовод (ТАНАП) денеска официјално започна да пренесува гас до европскиот дел од јужниот гасен коридор на турско-грчката граница.

На официјалното пуштање во употреба на гасоводниот систем, денеска на локацијата Ипсала/Едрене во близина на граничниот премин помеѓу Република Грција и Република Турција, присуствуваа и вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Националните енергетски ресурси Бајрам Реџепи.

Анѓушев, како што информираат од неговиот кабинет, по завршување на свеченоста изјави дека овој гасовод, првично е проектиран со цел Република Турција да се снабдува со природен гас од Азербејџан, за да потоа тој проект се доразвие со цел и јужниот дел од Европа да се снабдува со природен гас од наоѓалиштата во Каспиското море.

– Овој гасовод е важен и за Република Северна Македонија, бидејќи тој во делот на Грција продолжува во таканаречениот ТАП, (Транс-јадрански гасовод/Trans Adriatic Pipeline).  Проектот кој што го имаме развиено за гасно поврзување со Република Грција би требало практично да црпи резерви на гас и од овој гасовод. Оваа гасна магистрала за нас е од исклучителна важност заради тоа што дава конкурентни цени на природен гас и нуди дополнителна алтернатива во снабдувањето со гас, кој моментално го набавуваме преку една гасоводна цевка. Во енергетиката секогаш е многу важно да имате сигурност на снабдување, сигурноста се добива доколку имаме повеќе извори на снабдување, а исто така е многу важна и конукрентноста, бидејќи на тој начин се влијае и на цената на гасот, односно можност за поевтин енергенс за граѓаните. Во февруари 2020 година, планиран е состанок во Баку, на којшто треба секоја од државите да изрази подготвеност односно предвидување која количина на гас ќе има за потреба за потрошувачка. Во моментот ТАНАП има капацитет за пренос од десет милијарди кубици гас годишно, со можност да се покачат на 16 милијарди кубици и потоа до 32 милјарди кубици гас годишно, што е крајната цел. Потребите на Турција се оценуваат некаде на ниво до 10 милјарди кубици гас годишно, перспективно во текот на годините, тоа значи дека ќе има доволно количини на гас и за земјите од Југоисточна Европа и Балканот и таму каде што цевката завршува, а тоа е Италија – нагласи Анѓушев.

Министерот Бектеши, како што се наведува во соопштенито, потенцирал дека проектот ТАНАП е од голема важност, не само Азербејџан и за Турција, туку и за цела Европа, а посебно за дел од земјите на Балканот.

– Како Влада на Северна Македонија сме многу заинтересирани за овој гасовод имајќи во предвид дека веќе од наредната година во јуни, се предвидува да биде пуштен во употреба и да се поврзе со ТАП, каде што ние во моментов работиме преку државната компанија „Национални енергетски ресурси“ (НЕР) да го изградиме интерконекторот до Грција, а истовремено тоа ќе ни даде можност за девирзификација на снабдувањето со природен гас во Северна Македонија, а тоа ќе ја зголеми конкурентноста на нашата држава, а истовремено нашите граѓани и нашата индустрија ќе имаат можност да се снабдуваат со поевтин гас – потенцира Бектеши.

Директорот на Национални енергетски ресурси (НЕР) Бајрам Реџепи, кажа дека овој проект е во должина од 1.850 километри поминува низ целата територија на Турција, се поврзува со ТАП на границата со Грција.

– Тој е од исклучителна важност за нашата држава бидејќи дава смисла и на нашето поврзување со ТАП бидејќи конечно ќе се поврземе со овој тек кој што доаѓа од изворите на Шар Дениз и завршува до Италија. Со вкупен капацитет од 31 милјарда кубни метри на годишно ниво, со тоа дефинитивно на нашата држава ги стабилизра изворите на снабдување и креира стабилна можност за снабдување со гас – изјави Реџепи, се наведува во соопштението.

Претседателите на Турција и на Азербејџан, Реџеп Таип Ердоган и Илхам Алијев во своите обраќања на свеченоста посочија дека преку овој проект, еден од највредните енергетски проекти во светот, се градат нови мостови на пријателство и можности за соработка помеѓу двете земји, но и со другите земји во регионот на Југоисточна Европа. Тие додадоа дека за реализација на проектот била потребна напорна заедничка работа, но и многу трпеливост и посветеност, како и дека со проектот ќе се обезбеди дустрибуција на азербејџански гас до европскиот континент.

На маргините на Церемонијата министерот Бектеши оствари средба со министерот за енергетика на Турција, Фатих Донмез. Министерот Бектеши истакна дека Северна Македонија традиционално има одлична соработка со Турција за што се надева дека во иднина ќе се продлабочи. Го информираше министерот Донмез за проектите кои што се реализираат во Северна Македонија во делот на енергетиката и рударството, потенцираше дека има голем број турски коомпании кои веќе се инвеститори во земјата со надеж дека во иднина нивниот број ќе се зголеми.

Министерот Донмез, се вели во соопштението, кажа дека има голем простор за продлабочување на трговската соработка меѓу двете земји пособно во енергетиката и рударството со надеж дека двајцата министери во иднина заеднички ќе работат за нивно продлабочување.

Целта на проектот ТАНАП е да донесе природен гас произведен во втората зона за гас во Шах Денис, Азербејџан и другите области во Каспиското Море, главно во Турција, но и во Европа. Проектот ТАНАП, заедно со јужно-кавкаскиот гасовод и транс-јадранскиот гасовод од елементите во јужниот гасоводен коридор.

ТАНАП минува од турската граница со Груција, почнувајќи во турското село Туркгозу во областа Пософ во Ардахан, низ 20 провинции вклучително и Карс, Ерзурум, Ерзинџан, Бајбурт, Гумушане, Гиресун, Сивас, Јозгат, Киршехир, Кирикале, Анкара, Ескишехир, Билеџик, Кутахја, Бурса, Баликесир, Џанакале, Текирдаг и Едрене, до грчката граница во областа Ипсала, Едрене. Од оваа точка, ТАНАП се поврзува со ТАП гасоводот за пренос на природен гас до европските нации. Во Турција се лоцирани две појдовни станици за пренос на природен гас, една во Ескишехир и друга во Тракија. Со 17,6 км под Мраморно Море, главниот гасовод во Турција опфаќа вкупно 1850 км, заедно со појдовните станици и надземните инсталации.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...