Анѓушев: Со Законот за енергетика имаме отворен фронт за инвестиции ВИДЕО

92

Во рамките на претседавањето со Министерскиот совет на Енергетската заедница во 2018 година, денес во Собранието се одржа Состанок на Парламентарниот пленум на ЕЗ, со кој претседаваше пратеникот Хари Локвенец, а на кој се обратија и заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, министерот за економија, Крешник Бектеши, како и директорот на Енергетската заедница Јанез Копач.

Анѓушев истакна дека Македонија заостануваше значително во имплементацијата на енергетската законска регулатива, која што претставуваше обврска преземена од Договорот за формирање на Енергетска заедница и обврска за пристапувањето кон ЕУ.  Тој додаде дека тоа не беше направено навреме, со што Македонија се позиционираше на последно место во поглед на имплементирање на енергетската легислатива.

– Со Законот за енергетика сега имаме отворен фронт за инвестиции на повеќе дејности кои треба да се спроведат во енергетскиот сектор. Почнувајќи од раздвојувањето на сопственоста на енергетските компании, процес кој веќе е завршен, како и донесување на подзаконските акти со кои се регулираат сите аспекти кои произлегуваат од овој Закон. Сите обврски кои произлегуваат од Законот ќе бидат исполнети во целост и навремено – нагласи Анѓушев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...