Анѓушев со германскиот советник на Владата се сретна во Берлин

Анѓушев се сретна и со парламентарниот државен секретар во сојузното Министерство за економија и енергетика Томас Барајс и со копретседавачот на Мешовитиот упавувачки комитет за економска соработка помеѓу Република Северна Македонија и Сојузна Република Германија Хелге Толксдорф.

259

Стратешките приоритети на Владата во насока на побрз и одржлив економски развој биле тема на разговор на денешната средба на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев  и Валтер Дефа, специјален советник, номиниран од германската Влада, кој е задолжен за поддршка во планирањето и реализацијата на економските политики на Владата.

Средбата се реализира во рамки на енергетскиот форум „Берлински дијалог за енергетска транзиција“ на кој учествува и вицепремиерот.

Анѓушев, како што соопшти неговиот Кабинет, се сретна и со парламентарниот државен секретар во сојузното Министерство за економија и енергетика Томас Барајс и со копретседавачот на Мешовитиот упавувачки комитет за економска соработка помеѓу Република Северна Македонија и Сојузна Република Германија Хелге Толксдорф.

На средбата, како што се наведува, се разговараше за економската соработка меѓу двете земји, при што  Анѓушев потенцираше дека СР Германија е главниот економски партнер на нашата земја, со обем на трговската размена од над 3,6 милијарди евра. Во 2018, во споредба со 2017, бележи раст од над 15 отсто. Извозот на производи кон Германија бележи раст од над 17 отсто, а вкупниот извоз во однос на увозот е трипати повисок, при што со оваа земја остваруваме највисок суфицит во трговската размена.

„Соговорниците зборуваа и за активностите во рамки на Мешовитиот управувачки комитет, за интересот од германски компании за инвестиции во индустријата и во енергетскиот сектор. На состанокот е заклучено дека со Законот за финансиска поддршка на инвестициите, односно меркте од Планот за економски раст се овозможува сериозна поддршка за индустријата, за технолошки развој и внесување на иновации, а со тоа и повисока конкурентност на економијата во Северна Македонија, додека преку новиот Закон за енергетика се отвораат нови можности за инвестиции во обновливи извори на енергија, со што ќе се придонесе за заштита на животна средина и поголема енергетска независност“, се вели во сооопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...