Анѓушев: Согласно препораките на ЕК, фокусирани сме на инфраструктурата

Во фокусот за изградба, како што рече, ќе бидат патиштата кои се рекоснтруираат на Коридорот 8 кон Бугарија и Албанија, како и на автопатската делница од Кичево кон Гостивар.

101
20150708 Wednesday 1011 Skopje zeleznicka stanica renoviranje soobrakaj prugi voz sini nov lik kenzo tange nova stanica rabotnici rekonstrukcija

Извештајот на Европската комисија многу јасно, точно и прецизно ја отсликува состојбата на македонската економија, а Владата, согласно препораките, ќе работи посветено на инфраструктурата и на инфраструктурните проекти, изјави денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев по промицијата на проектот „Зголемување на конкурентноста на домашните мали и средни претпријатија со цел подобрување на нивната соработка со странските инвеститори – Можности и предизвици“, финансиран од ИПА.

– Изминатите години пропуштивме драгоцено време да ги насочиме парите што ги трошевме од даночните обврзници во инфраструктурата.Знаеме за што беа трошени парите. Сега сме посеветени на тоа да ги завршиме започнатите патишта, без разлика колку големи проблеми имаат и да отпочнеме градба на нови патишта – рече Анѓушев.

Во фокусот за изградба, како што рече, ќе бидат патиштата кои се рекоснтруираат на Коридорот 8 кон Бугарија и Албанија, како и на автопатската делница од Кичево кон Гостивар.

-Оваа делница е скапа и тешка. За дел од неа, од Кичево до Букојчани е направен проектот, а останува да се допроектира делот кон Гостивар.Покрај тоа веќе е завршен проектот за железничката линија од Кичево кон Лин, Албанија- рече Анѓушев.

Дополни дека тимовите сега се посветени на обезбедување на пари за нивна изградба.

– Охрабрувачки е што новата меѓународна позиција на Република Македонија дава шанса финансиските институции похрабро да ги поддржат инфраструктурните проекти Имаме ветувања од Светска банка, ЕБОР и ЕИБ дека ќе одобрат средства за реализација на вакви проекти – рече Анѓушев.

до сега, како што рече, земјава веќе доби грант од 70 милиони евра за изградба на втората делница од железничката линија кон Бугарија и дополнителни 60 милони евра за третата делница.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...