Мислам дека е многу несериозно за таква сериозна компанија да се прави дневна политика, изјави вицепремиерот, Кочо Анѓушев, запрашан за коментар на информацијата тоа дека автомобилската компанија „Фолксваген“ се одлучила да инвестира во изградба на фабрика Србија.
– Тоа ја надминува бизнис етиката. Инвестиција се објавува кога инвеститорот ќе донесе одлука. Моите сознанија се дека сѐ уште ја разгледуваат можноста за отворање на фабрика во Југоисточна Европа. Она што со сигурност можам да кажам е дека одлука за Србија не е донесена – рече Анѓушев.