Анѓушев: Рекордни 328 милиони евра директни странски инвестиции за шест месеци

Во првото полугодие од годинава има рекорден влез на странски директни инвестиции од 327 милиони евра и е забележан засилен раст од 8,4 отсто на индустриското производство во јули.

500

Последните податоци од Државниот завод за статистика и Народната банка според кои во првото полугодие од годинава има рекорден влез на странски директни инвестиции од 327 милиони евра и е забележан засилен раст од 8,4 отсто на индустриското производство во јули во споредба со истиот месец од минатата година, е потврда дека економијата е поставена на стабилни основи и Планот за економски раст дава резултати, изјави вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

– Странските директни инвестиции во Македонија за првите шест месеци се 327 милиони евра и тоа е 218 отсто повеќе од просекот во последните три години и апсолутно најмногу во последните три години. Практично ова покажува дека трендот на инвестирање во индустријата во Македонија е забрзан и дека политиките на транспарентно поддржување на сите компании во земјава апсолутно даваат резултат – вели Анѓушев.

Податоците од Народната банка покажуваат дека за само шест месеци влезени се 327 милиони евра, што е за три пати повеќе во споредба со истиот период од минатата година кога нивото на инвестиции изнесуваше 105 милиони евра.

Во исто време, позитивните економски промени ги регистрира и Државниот завод за Статистика кој мери зголемување на индустриското производство и тоа за 8,4 отсто во јули споредбено со истиот месец од 2017 година. Освен што се зголемува индустриското производство, зголемен е и бројот на работници во индустријата и тоа за 7,2 отсто за истиот период.

Кон вкупниот економски раст свој инпут даде и работата на ТИРЗ, со растот на извозот од зоните. Во период од јануари до јули месец во 2018 година во споредба со истиот период лани, тој е зголемен за 17 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...