Дирекцијата за задилжителни резерви на нафта и нафтени деривати има пари за обезбедување соодветни количини резерви од овој енергенс, а во тек на подготовка се подзаконските акти кои го регулираат ова прашање, изјави вицеремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.
Анѓушев рече дека се во тек и преговорите со компаниите за обезбедување складишен простор.
-Пред десетина дена имавме состанок со компаниите од нафтениот сектор на кој присуствуваше и премиерот. Понудивме одредена цена. Мислам дека сме блиску со компаниите да дојдеме до решение за вредноста – рече Анѓушев.
Тој оцени дека е направен квантен скок во делот на енергетиката со носењето на Законот иако на собраниската расправа беше забележано дека се доцни со носењето на подзаконските акти.
– Ако ја прочитате внимателно изјавата на Јанез Копач и соопштението ставено на веб страницата на Енергетската заедница, ќе видите многу пофални зброви за Владата, дека таа на некој начин е лидер во делот на енергетиката и во реформите во регионот. Она што треба да се направи е да се реши проблемот за складирање на нафтените резерви на државата во складиштата на приватните компании. Тоа треба да се направи со уредба во Министерството за финансии и таа се подготвува. Има препораки за вредност и цена. Но, и тоа прашање ќе биде решено. Се доцни со одредени подзаконски акти, но мислам дека е многу поважно тие да бидат квалитетни, отколку да бидат брзо донесени, подвлече вицепремиерот.
Анѓушев нагласи дека најголемиот дел од подзаконските акти потребни за реализирање на одредени проекти во енергетиката се донесени.
Најави дека веќе во март ќе биде објавен тендер за фотоволтаици.
-Ќе се ослободи простор и за градење фотоволтаични електрани како на државно, така и на приватни земјишта ако некој тоа го има планирано. Се ослободува и простор за биогас и ветерни електрани што е револуционерен исчекор по долгогодишниот застој – рече Анѓушев.
Тој најави и дека треба да се отвори нов тендер за мали хидроелектрани.
-Планирано е да се градат 22 вкупно, со што се исцпрува можноста за мали хидриелектрани во државата.Толку се можностите на нашите реки- рече Анѓушев.