Анѓушев побара косопствениците на неговите фирми да ги повлечат апликациите за државни пари

Не гледам причина зошто вработените во компаниите во кои имам удел, поради мојата функција треба да бидат дискриминирани, вели вицепремиерот.

905

Вицепремиерот за економски прашања  Кочо Анѓушев ги повика косопствениците на неговите фирми да ја преиспитаат одлуката за аплицирање на мерките од Планот за економски раст и да се повлечат.

– Планот за економски раст е модел врз кој се темели владината економска политика за раст и развој на компаниите на кои им се обезбедувааат еднакви услови и фер третман за сите. Не смееме да дозволиме да се фрли каква било дамка на целиот процес кој патем е кристално чист – транспарентни кртериуми, јасно дефинирани услови и фер шанса за сите кои ги исполнуваат – тоа се принципите врз кои ја градевме програмата за економски раст. Јас сум длабоко убеден дека економија изградена на поддршка на компании кои се развиваат е успешна економја која нуди повисоки плати и подобар животен стандард за граѓаните – изјави Анѓушев за МИА.

Тој нагласи дека е делумно сопственик на повеќе фирми во Република Македонија кои вработуваат вкупно над 1.000 луѓе.

– Сите компании во кои имам сопственички удел самостојно растат, се развиваат и извезвуваат готови производи на пазарите во ЕУ и САД со што повеќекратно придонесуваат во вкупниот БДП на земјава. Сето ова е пријавено уредно во анкетниот лист. Согласно законот, откако стапив на фукција вицепремиер го испочитував во целост се откажав од управувачите функции во компаниите и како што ветив ја продадов ЕДС – вели Анѓушев и ги повикува институциите тоа да го проверат.

Фирмите, нагласува, се равиваат согласно пазарните услови и треба да имаат фер третман.

– Јас не можам да бидам пречка и да го сопрам тоа и да влијаам врз одлуките што ги носат доминатните сопственици. Не гледам причина зошто вработените во компаниите во кои имам удел, поради мојата функција треба да бидат дискриминирани. Сепак, поради настанатата ерозија на вредностите и искривента перцепција која се има акумулирано во последните 10 години во услови на нетранспарентно управување и владеење јавноста е разбирливо сензитивна. Со оглед на тоа ги повикав моите колеги косопственици да ја преиспитаат одлуката за аплицирање на мерките од Планот за економски раст и да се повлечат – потенцира Анѓушев.

Според него, фактот што менаџментот на Кастинвест ја спаси единствената леарницата од стечај и го рестартираше производството и вработи 100-тина луѓе, го прави оптимист дека ќе изнајдат начин да го реализираат проектот самостојно.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...