Анѓушев: Новата инвестиција на Прилепска пиварница е во функција на градежништвото

Анѓушев смета дека новата инвестиција е има позитивно влијание и на градежништвото и понатаму на индустриското производство, што значи дека има директен импакт на бруто домашниот производ на Македонија.

1165

Владата ги поддржува градежните проекти кои се исплатливи, каков што е и овој приватен проект на Прилепска пиварница, а особено е важно што оваа инвестиција е во функција и на индустријата, односно ќе биде во функција на зголеменото производство и пласман на компанијата, изјави вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на почетокот на градбата на  новиот дистрибутивен центар на пиварницата во Идризово.

-Една куќа се гради камен по камен и оваа инвестиција е уште еден камен во изградбата на економијата на државата – рече Анѓушев.

Според него, новата инвестиција е има позитивно влијание и на градежништвото и понатаму на индустриското производство, што значи дека има директен импакт на бруто домашниот производ на Македонија.

Инвестицијата изнесува 3,5 милиони евра и се очекува во неа да бидат вработени над 30 лица од различни профили и степен на образование.

Дистрибутивниот центар се гради на површина од 5.000 квадратни метри.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...