Анѓушев: Новата еврообврзница е за раздолжување на стари обврски

Очекувам дека сите чинители на општественото и политичкото живеење во нашата држава ќе знаат да го препознаат интересот на граѓаните и тоа што е интерес на државата, а не теснопартиски интерес, вицепремиерот Анѓушев.

253

Вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев не очекува опструкции од опозицијата во идната техничка влада во врска со издавањето на нова еврообврзница којашто, како што вели, има за цел пред се, враќање на стари задолжувања, но по пониски камати.

– Очекувам дека сите чинители на општественото и политичкото живеење во нашата држава ќе знаат да го препознаат интересот на граѓаните и тоа што е интерес на државата, а не теснопартиски интерес. Во таа смисла не очекувам никакви опструкции со оглед на тоа дека сите задолжувања што се прават во државата воглавно за раздолжување на стари обврски кои што се по повисоки камати, сега се нови задолжувања со пониски камати. Ако некој тоа го третира како лошо и прави опструкција на тоа, тој ќе прави опструкција на целата држава и на граѓаните на нашата држава – рече Анѓушев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...