Анѓушев: Нема да има пад во индустријата од воведените квоти од ЕК

561

Квотите што ги воведува Европската Унија за увоз на челик се со цел да го заштити своето стопанство од нелојална конкуренција и нема да предизвика пад на македонската економија. Ова го истакна вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев вечерва во емисијата „Том тема“.

Тој објасни дека, македонските компании ќе можат да извезуваат челик по правилото, кое предвидува  на просекот од последните три години да се додадат дополнително пет отсто. – Тука, истакна, не станува збор за намалување, туку за зголемување од пет проценти.

Според него може нема да има спектакуларен раст, но нема да има ни пад во индустријата во однос на последните пет години.

Посочи дека со воведувањето на квотите најпогоден ќе биде „Макстил“, потенцирајќи дека и изминатите години за компанијата биле „лоши години“ и оти поради тоа ќе мора да извезува толкава количина.

Нагласи дека тоа нема да влијае на Бруто домашниот производ.

На новинарското прашања дека излегле пет компании со оценка дека ќе бидат принудени да испуштаат работници…

– Значи тие пет компании ќе можат да извезуваат исто колку што извезувале, плус пет отсто – одговори Анѓушев.

Посочи дека, сепак има ограничување, но дека не може да се промени ништо во однос на тоа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...