Анѓушев: На утрешниот самит се очекуваат до 100 грчки и 200 македонски компании

449

Голем е бројот на грчки стопанственици кои ќе дојдат на утрешниот Политичко-економски самит во земјава. Се очекуваат околу 70 до 100 гости, но дефинитивната бројка ќе се знае утре затоа што попладнево се прави списокот, соопошти вицепремиерот за економнски прашања Кочо Анѓушев.

На прес конференција во Владата Анѓушев оцени дека ова ќе биде еден од најголемите политичко-економски настани во последниве години/.

– Големи се очекувањата за утрешниот самит со Грција. Мислам дека ова ќе биде еден од најголемите политичко-економски настани во земјата во последните години. Цениме дека е добар начин како да се забрзаат економските процеси во целиот регион, а посебено меѓу нашите две држави. Само по потишувањето на Преспанскиот договор размената достигна двоцифрена бројка .Очекувам по самитот и воспоставувањето на потесната соработка меѓу нашите и грчките компании овие бројки уште повеќе да пораснат – кажа Анѓушев одговарајќи на новинраски прашања.

Според него, за утрешниот бизнис дел од самиот засега се пријавени над 150 до 200 македонски компании.

Во врска со „даночниот календар“ што го предлага Стопанската комора како времена рамка за носење измени на даночните политики Анѓушев рече дека барањето е логично, но е во ингеренции на Министерството за финансии.

– Кога ќе го добиеме во Владата соодветно ќе го разгледаме – истакна вицепремиерот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...