Самитот 100 бизнис лидери почнува денеска во Белград и ќе трае два дена.
Најавено е учествуво на експерти и министри од регионот кои ќе дискутираат за мобилноста на работата, енергетска одрживост, брендирање на регионот.
На присутните преку панели ќе се обратат вицепремиерот Кочо Анѓушев, министерот за надворешна трговија и економски односи на БиХ, Мирко Шаровиќ и министерот за трговија, туризам и телекомуникации на Србија, Расим Љајиќ.
Главна тема се очекува да биде и како да се искористи четвртата индустриска револуција за да се направи „квантен“ скок до развиениот и глобално конкурентниот регион.