Анѓушев: Моите фирми ги повлекоа апликациите и со тоа добивте одговор

Анѓушев беше прашан дали фирмата „Алкалоид “ ад од Битола добила пари зашто нејзиниот сопственик Звонко Чичаковски е негов кум.

448

Вицепремиеот за економски прашања Кочо Анѓушев побара да не се прават различни сценарија за негова поврзаност со некои од фирмите кои добија поддршка од државата во првиот и вториот столб од Планот за економски раст, откако беше запрашан дали фирмата „Алкалоид “ ад од Битола добила пари зашто нејзиниот сопственик Звонко Чичаковски е негов кум.

– Да не правиме сценографија од ваков убав настан на кој се презентира ваков транспарентен закон. Моите компании ги повлекоа апликациите и со тоа вашето прашање е одговорено -рече Анѓушев.

Тој одбегна да каже дали сопствникот на фирмата која добила пари од државата е негов кум, но рече дека процеост е транспарентен и дека компаниите аплицирале според законот за што немало потреба од посебен оглас.

-Компаниите ги имаат мејловите во Централниот регистар и секоја од нив по поднесувањето на завршната сметка добила информација. Во услови на развој на технологиите ние немаме потреба поединечно да им се јавуваме на фирмите – рече Анѓушев.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...