Анѓушев: Младите треба да ги препознаат придобивките од ЕУ и НАТО

Вицепремиерот наведе дека со својата политика Владата ги затопли односите со сите соседи и покажа јасен сигнал дека сака да ги направи сите потребни и нужни чекори да стане членка во ЕУ и во НАТО. Во првото полугодие од оваа година, како што рече, имаме странски инвестиции три пати повеќе од претходната година во истиот период или повеќе од која било година од претходните четири-пет во истиот период. 

86

Во Македонија не недостасуваат млади и образувани луѓе, недостасуваат млади и едуцирани луѓе со претприемачки дух, истакна заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, вечерва дебатата на тема „Перспективите на младите лица од полноправното членство на земјата во Европската Унија и НАТО“.

На дебатата што беше организирана од страна на Институтот за бизнис и менаџмент Heidelberg – Скопје“, Анѓушев наведе дека младите треба да го препознаат моментот кон приклучување кон ЕУ и НАТО каде ќе им бидат достапни одредени фондови за да можат да купат технологија, напоменувајќи дека технологиите нема сами да работат доколку тие немаат претприемачки дух.

–  Тоа значи да се биде спремен и способен да се преземе дел од ризикот, но разумен ризик. Разумен ризик што ќе биде заснован на научна основа и да се има организациски способности. Токму тука очекувам Институтот да даде значителен придонес, знаењето да го пренесе во Република Македонија – нагласи Анѓушев.

Тој потенцираше дека членството во ЕУ не значи само безбедност, туку многу повеќе, како што рече, економија и квалитетен живот за граѓаните во Република Македонија, а уште повеќе достигнување на стандардите на живот како во земјите – членки на Унијата.

– Инвеститорите кои досега доаѓаа веруваа во оваа држава. Јас се надевам дека тие не се изневерени од неа, меѓутоа сите идни инвеститори што ќе дојдат ќе имаат дополнителна гаранција и со самото тоа инвестициите ќе пораснат – посочи Анѓушев.

Вицепремиерот наведе дека со својата политика Владата ги затопли односите со сите соседи и покажа јасен сигнал дека сака да ги направи сите потребни и нужни чекори да стане членка во ЕУ и во НАТО. Во првото полугодие од оваа година, како што рече, имаме странски инвестиции три пати повеќе од претходната година во истиот период или повеќе од која било година од претходните четири-пет во истиот период.

– Овие бројки јасно кажуваат кое е значењето на овие интеграции за нашата држава – потенцираше Анѓушев.

Тој заклучи дека постои потреба од домашни претприемачи со цел успешна економија.

Претседателот на деканската управа на Институтитот, Улрих Цеител наведе дека Македонија со право е пред „портите“ на ЕУ.

Тој се осврна на моменталната состојба во Унијата, поради Брегзит, констатирајќи дека „состојбата во моментов е тешка“ и оти постои голема напнатост.

– Нашата канцеларка Ангела Меркел нагласи дека ја поддржува Македонија во европската заедница – потенцираше Цеител.

Тој истакна дека оној што знае што е добро „утре во Парламентот ќе донесе одлука“.

– Доколку говорам за овој Институт од економски аспект тогаш ќе дадеме придонес, мислам дека за македонските претпријатиа е важно да имаат образовани лица кои ќе се дообразуваат кај нас – посочи тој.

Истакна дека доколку во земјата има добро образовани лица, тогаш и економијата ќе расне, индустријата ќе добива, ќе се отвораат нови работни места и со тоа ќе има економски просперитет и развој. На тој начин Македонија ќе стане и поконкурентна.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...