Анѓушев: Каматите на депозитите треба да се оданочат, а данокот на капитални добивки да се пролонгира

Данок на капитални добивки е доколку имате акции во некоја компанија и работите на берза и во тој случај сте ги купиле акциите по една цена, сте ги продале по друга цена и на разликата во цена треба да платите 15 отсто. Тој данок мислам дека треба да се пролонгира, потенцира вицепремиерот.

703

Вицепремиерот Кочо Анѓушев денеска истакна дека наскоро ќе се најде конечно решение за оданочување на каматите на депозитите и за данокот на капитални добивки.

– Овие две работи треба да се раздвојат и јас сум за првото, значи депозитите и каматите на депозитите да се даночат. Што се однесува за второто, односно капиталните добивки, тоа е нешто што мислам дека треба да се стимулира. Јас апсолутно не сум за одложување на тоа да се воведе тој данок. Е сега, втор е данокот којшто е на капитални добивки. Данок на капитални добивки е доколку имате акции во некоја компанија и работите на берза и во тој случај сте ги купиле акциите по една цена, сте ги продале по друга цена и на разликата во цена треба да платите 15 отсто. Тој данок мислам дека треба да се пролонгира – потенцира вицепремиерот.

Според него, пролонгирањето ќе биде во насока на стимулирање на работењето на берзите.

– Бидејќи нашата берза е млада, треба допрва да се развива и сите држави коишто биле во тој сегмент на развој го направиле тоа за да ги развијат берзите и берзанското работење и да ги охрабрат компаниите коишто се друштва со ограничена одговорност да се трансформираат во акционерски друштва, бидејќи тоа е еден од начините како да дојде свеж капитал во тие компании. Јас акционерски друштва немам и немам никаде акции, така што тоа апсолутно не ме тангира – рече Анѓушев.

Вицепремиерот Кочо Анѓушев денеска на одбележувањето на 70-годишнината од постоењето на Градежниот факултет во Скопје, рече дека платите на градежните инженери платите рапидно растат и тоа е само еден од условите тие млади луѓе да си ја најдат иднината во нашата држава.

– Се разбира, треба да имаат и подобар амбиент, стабилна држава, добар здравствен систем, за да не заминуваат од тука – рече Анѓушев, во врска со проблемот за одлив на млади стручни кадри од државата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...