Вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска се во службена посета во Белград каде што ќе имаат средби со претставници на српската Влада и на Стопанската комора на Србија.
Анѓушев и Сугарески ќе се сретнат со потпретседателката на Владата на Република Србија и министерка за градежништво, инфраструктура и сообраќај Зорана Михајловиќ.
Најавена е и средба на двајцата министри со претседателот на Стопанската комора на Србија Марко Чадеж и со претставници на компании. На средбата ќе бидат презентирани можностите за инвестирање и мерките за поддршка на стопанството од Планот за економски раст на Владата.