Анѓушев: Искуството на „Локо Транс“ да го следат и другите чешки компании

Чешкиот премиер ја искажал силната поддршка на Чешка за евроатлантските интеграции на земјата и за политичките процеси кои ги спроведува нашата Влада.

161

Tековните предизвици во областа на земјоделството, енергетиката, како и надминувањето на јазот помеѓу побарувачката и понудата на пазарот на трудот, како еден од предизвиците со кои се соочуваат речиси сите земји во Европа биле тема на разговор на средбата на владиниот економски тим со чешкиот премиер Андреј Бабиш.

Како што информираа од прес-службата на Владата, на средбата била подвлечена и поддршката од Чешката Република на земјава за евро-атлантските интеграции.

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на чешката делегација им го презентирнал Законот за финансиска поддршка на инвестициите преку кој Владата обезедува голема поддршка на домашните и странските компании.

-Тоа е можност и за заинтересирани чешки компании да дојдат да инвестираат во Северна Македонија. Чешката фабрика за шински возила „Локо Транс“ веќе најави своја инвестиција во Скопје и тоа е еден чекор напред во интензивирање на меѓусебната соработка. Воедно постои голем простор за соработка во земјоделството, кадешто би можеле да ја интензивираме соработката и во однос на примарното производство и во преработувачката индустрија, но и во меѓусебната размена. Со новиот Закон за енергетика овозможивме изградба на нови производствени капацитетите од обновливи извори, што е уште една можност за инвестиции од страна на чешки компании – рекол Анѓушев.

Чешкиот премиер ја искажал силната поддршка на Чешка за евроатлантските интеграции на земјата и за политичките процеси кои ги спроведува нашата Влада.

Тој ги пренел чешките искуства во евро-интегративниот процес.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...