Владина делегација, предводена од вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот за здравство Венко Филипче, учествуваше на активности во рамките на Светскиот инвестициски форум, кој се одржува во Женева.
Анѓушев истакна дека во изминатиот период, преку разговори со стопанствениците е дојдено до заклучок дека за успех на бизнисот приоритет број еден е стабилност на земјата, како и владеење на правото, а дури на трето место стопанствениците ја поставуваат државната помош, односно субвенциите од државата.