Анѓушев до лидерите од регионот: Да покажеме повеќе капацитет за регионална соработка

Тој заедно со премиерит на земјите од Западен Балкан присуствуваа на официјалниот работен појадок организиран од Канцеларот на Австрија, Себастијан Курц во рамки на 15-тиот Виенски економски форум.

114
ФОТО: EPA / CHRISTIAN BRUNA

Да се биде мала земја во регионот значи да се води сметка за економијата и за подобар живот на граѓаните. Подобар животен стандард за граѓаните може да обезбедиме само преку подобрување на економијата, што подразбира обезбедување државна финансиска помош, владеење на правото и законите, како и стабилност во земјата, изјави вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на денешната прес конференција во Виена.

Тој заедно со премиерите на земјите од Западен Балкан присуствуваа на официјалниот работен појадок организиран од Канцеларот на Австрија, Себастијан Курц во рамки на 15-тиот Виенски економски форум.

На заедничката прес-конференција се обратија Курц, Хан, Габриел и премиерите на земјите од Западен Балкан.

– Стабилна држава, особено за мала земја како Македонија, значи интеграција во подобар безбедносен и европски систем – рече Анѓушев.

Токму поради оваа причина, како што додаде Анѓушев, Македонија ќе биде посветена на овој процес.

– Ќе ги вложиме нашите најдобри напори за да ја завршиме нашата домашна задача, но и за да обезбедиме подобар живот за нашите граѓани. Да покажеме повеќе капацитет за регионална соработка, меѓу нашите држави, особено, ако сакаме да имаме подобра соработка во Европската унија во иднина – рече Анѓушев.

Како главна тема на која разговараа канцеларот Курц и лидерите од Западен Балкан, како што соопшти владината прес-служба, се издвои регионалната соработка која има важна улога во процесот на интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија, начините за нејзино унапредување преку процеси на дигитализација, поврзување и економската соработка.

Канцеларот Курц изрази голема поддршка за земјите од Западен Балкан за процесот на ЕУ интеграција посочувајќи ја регионалната соработка како клучен сегмент кој ќе го забрза зачленувањето на земјите од Западен Балкан во ЕУ и еден од приоритетите на австриското претседавање со Европската Унија.

Во таа насока беше посочена важноста од продолжување на иницијативата за формирање на регионална економска област како прв чекор во понатамошното интегрирање во единствениот европски пазар.

FOTO: EPA-CHRISTIAN-BRUNA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...