Анѓушев-Дончев: По затворањето на политичките прашања на ред е економијата

Очекувам и во иднина да се зголемува економската соработка помеѓу двете земји, организирањето на прв македонско – бугарски бизнис форум на почетокот на годината е убав сигнал за компаниите од двете земји, изјави Анѓушев.

87

Продлабочувањето на економската соработка и бизнис релациите меѓу Македонија и Бугарија годинава кој е важен предуслов за продолжување на трендот на зголемување на обемот на трговска размена, беа во фокусот на разговорите на денешната средба  меѓу заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев и потпретседателот на Советот на Министри на Република Бугарија Томислав Дончев.

Средбата се одржа во пресрет на првиот македонско-бугарскиот бизнис форум „Македонија-Бугарија 2019“.

– Дозволете ми да ви се заблагодарам за големата поддршка што Република Бугарија ни ја дава на нашиот пат за зачленување во НАТО и ЕУ. Потпишаниот Договор за добрососедство, соработка и пријателство покажа дека имаме пријател кој сака да не види во ЕУ И НАТО. Сега, откако ги решивме отворените политички прашања е идеално време да се посветиме на економијата. Очекувам и во иднина да се зголемува економската соработка помеѓу двете земји, организирањето на прв македонско – бугарски бизнис форум на почетокот на годината е убав сигнал за компаниите од двете земји – изјави Анѓушев.

Потпретседателот на Советот на Министри на Република Бугарија, Томислав Дончев нагласи дека развивањето на добрососедските односи има значајно влијание во зголемувањето на соработката во повеќе сектори и порача дека двете влади треба да му помогнат на бизнисот со тоа што ќе работат на надминување на проблемите со кои се соочуваат компаниите во двете земји.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...