Анѓушев ги повика грчките бизнисмени да конкурираат на првиот тендер за фотоволтаици

845

Првиот тендер за фотоволаици од 62 мегавати ќе биде објавен до крајот на овој месец, соопшти денеска вицепремиерот аа економски прашања, Кочо Анѓушев.

Тој во обраќањето на Бизнис формуот на Северна Македонија и Грција ги повика грчките бизнисмени да се јават на овој тендер.

– Би ми било задоволство да видам и домашни компании и грчки компании, но би бил задоволен да видам и „џоинтвенчер“ компании од двете држави. Тоа е многу важно, на тој начин да се поттикне соработката. Компаниите од двете држави да соработуваат не само меѓусебно туку и надвор на трети пазари – рече Анѓушев.

Тој ги повика грчките бизнисмени да инвестираат во земјава, а Владата, како што рече, ќе им биде партнер помошник и олеснувач. Тој рече и оти очекуува трговската размена за годинава да има двоцифрен раст.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...