Анѓушев: Вработувањето го прави приватниот сектор, а не пет-шест вработувања во ЕЛЕМ и МЕПСО

Тој им препорача на новинарите да не се занимаваат со дневнополитичката агенда, туку да ја видат пошироката слика за вработувањето.

549

Немам никакво влијание на вработувањата во ниедна фирма па ни ту во ЕЛЕМ и МЕПСО, изјави денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

Тој им препорача на новинарите да не се занимаваат со дневнополитичката агенда, туку да ја видат пошироката слика за вработувањето.

-Вработувањето го прави приватниот сектор и таму имаме значаен напредок. Мило ми е за тие постигнувања. Во ЕЛЕМ и МЕПСО има пет-шест вработувања – рече Анѓушев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...