Антонија Гиговска победи на „Макфест“

539

Со освоени 30 гласови за песната „Никогаш не вели никогаш“, младата пејачка Антонија Гиговска синоќа го освои овогодинешното издание на музичкиот фестивал „Макфест“ кој се одржуваше во Штип.

Второто место оди кај Роберт Билбилов кој ја отпеа песната „Чудни места“, додека третата награда оди кај Дани Димитровска со нумерата „Време“.

Наградата за најдобар дебитант „Душан Љубисављевиќ – Дуле“, замина во рацете на младата Нина Блажев со песната „Во други души“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...