Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш е годинешен добитник на престижната меѓународна Карлова награда за придонес во европското единство, соопштено е од канцеларијата во германскиот град Ахен.
Комитетот за доделување на наградата соопшти дека Гутереш е „извонреден заговорник на европскиот модел на општество, општества на плурализам, толеранција и дијалог, на отворени и грижливи општества, на јакнење и консолидација на мултилатерална соработка“.
Пред Гутереш, оваа награда ја примиле францускиот претседател Емануел Макрон минатата година, а пред него поранешниот претседател на САД Бил Клинтон, папата Франциско и папата Јован Павле Втори, како и германската канцеларка Ангела Меркел.
Некогашниот владател Карло Велики, освојувач на Светото римско царство и прв цар во Западна Европа, владеел од градот Ахен, каде на 30 мај ќе се одржи церемонијата на доделување на наградата.