Антонио Бандерас отвори свој театар во родната Малага

Оркестар од 22 музичари директно ја следи претставата во новиот театар со повеќе од 800 места.

103

Актерот Антонио Бандерас синоќа го отвори театарот што го основаше во својот роден град Малага со премиерата на мјузиклот „A Chorus Line“ во кој и тој настапува.

За отворањето на неговиот театар „Театро дел Сохо“ во Малага, јужна Шпанија, Бандерас избра дело кое зборува за анонимни уметници и за нивните страдања зад сцената.

– Претставата зборува за „луѓе кои навистина ги поддржуваат мјузиклот и театарот, но нивните имиња не блескаат и не се познати на пошироката јавност – рече Бандерас, кој игра еден од 26-те актери во претставата.

Оркестар од 22 музичари директно ја следи претставата во новиот театар со повеќе од 800 места.

Бандерас (59) ја започна својата кариера во текот на 80-тите години во Шпанија. На 19 години, тој стана актер во Шпанскиот народен театар. Се истакна глумејќи во филмовите на режисерот Педро Алмодовар и во холивудски остварувања како „Атентатори“, „Интервју со вампирот“, „Десперадо“, „Филаделфија“ и „Маската на Зоро“.

Фото: EPA/Daniel Pérez

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...