Антоан Фукуа најверојатно ќе ја режира преработката на филмот „Морбиус“

Тој најверојатно ќе го режира и филмот за Морбиус, докторот вампир, проект кој сѐ уште е во претпродукција.

137

Режисерот Антоан Фукуа, во пресрет на премиерата на филмскиот хит во најава – „Израмнувач 2“, којашто е закажана за 20 јули годинава, соопшти дека најверојатно ќе го режира и филмот за Морбиус, докторот вампир, проект кој сѐ уште е во претпродукција.

– Пораснав со стрипови… Пред неколку години ме контактираа од Сони, и во врска со ликот на Марвел – Морбиус. Но, не знам. Сега имам 13-годишно син, па идејата ми изгледа попримамливо и повозбулива. Би сакал да направам нова преработка на тој филм, изјави Фукуа.

Натаму во кусото интервју, тој вели вели дека еден ден можеби ќе направи и римејк на „Скарфејс“, зашто тие фимови, крими-трилерите најмногу „му лежат“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...