Анти-наталисти: луѓе кои сакаат да го запрат човековото размножување

Во Фејсбук групата наречена „многу бесни анти-наталисти“, се споделува петиција за која се надеваат дека на крајот ќе стаса до Обединетите нации. Нејзиниот наслов е „Пренаселеноста како корен на климатската катастрофа – стоп за раѓањето секаде на светот“. Досега собрале 27.000 потписи.

435

Зарем не би било подобро кога би ја кренале Земјата во воздух, па да завршиме веќе еднаш со тоа?

Томас (29) живее на истокот на Англија и иако неговата идеја за кревање на светот во воздух е само мисловен експеримент, тој е сигурен во едно – луѓето не треба да имаат бебиња и нашиот вид треба постепено да изумре.

Тоа е филозофијата по име анти-натализам. И додека идејата датира уште од стара Грција, неодамна добила огромен нов поттик на социјалните мрежи.

На Фејсбук и Редит постојат десетици анти-наталистички групи, некои со илјадници членови. На Редит и r/antinatalism има речиси 35.000 членови додека само една од десетина Фејсбук групи со антинаталистичка тема има повеќе од 6.000.

Тие се распрскани ширум светот и имаат разновидни причини за своите уверувања. Меѓу нив се и грижата за генетското наследство, избегнување на страдањето на децата, концептот на доброволна согласност и загриженоста поради пренаселеноста и животната средина.

Но тие се обединети во желбата да го запрат човековото размножување.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Фото: Pixabey

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...