Таканаречената „анти-кандида диета“ е специфичен начин на исхрана со која се спречува размножувањето на кандидата, а целта е да се спречи габичната инфекција, поточно нејзиното ширење и целосно елиминирање.
Протокол против кандида – 5 чекори со кои ќе се ослободите од Candida albicans
1. Ускратете ѝ ја храната со анти-кандида диета.
2. Уништете го прекумерниот раст (цитрофит, сода бикарбона, масло од оригано, кокосово масло).
3. Исфрлете ја од организмот (хидроколон терапија).
4. Изградете здравна цревна флора (пробиотици, кефир, кисела зелка).
5. Зајакнете го организмот и имунитетот (кокосово масло, пробиотици, магнезиум хлорид).
Храна која треба да се исфрли за времетраење на анти-кандида диетата
– Шеќер (бел, кафеав) и храна која содржи шеќер (фруктоза, мед, малтекс, меласа, манитол, јаворов сируп.
– Производите кои содржат шеќер и сите јаглехидрати.
– Сокови, алкохолни пијалаци, оцет, кафе и црн чај.
– Сите житарки и сите мешунки (грав, леќа, грашок).
– Печурки, сите видови.
– Сите видови свежо, сушено и конзервирано овошје (освен грејпфрут, лимон).
– Компир, печурки и коренест зеленчук (цвекло, морков и сл.).
– Млеко и млечни производи (освен домашен кефир, јогурт и путер).
– Печива и тестенини од бело брашно, торти, колачи, бисквити, чоколада, бомбони, житарки, квасец и печива кои содржат квасец.
– витаминско-минерални суплементи кои содржат квасец, кикиритки,‘фстаци.
– Квасец, маргарин и купечки сосови (кечап, мајонез, соја сос, сенф).
– Сувомесни и конзервирани производи, бидејќи содржат глутаминати, нитрити… (кисели краставички, конзервирани маслинки (паштета, салама, колбаси, шунка, сланина)),
– Мешавина од зачини кои содржат глутаминати и екстрактина квасец.
– Сите видови на индустриски преработени производи.
– Рафинирани растителни масла (сончогледово, пченкарно, соино).
Која храна е дозволена за времетраење на анти-кандида диетата
– Сите видови месо и домашно сушено месо (месо од пердувести животни, дивеч).
– Зеленчук кој расте над земјата (освен печурките).
– Риба и морски плодови.
– Лакто-ферментирани производи (домашен кефир, јогурт и домашна кисела зелка).
– Јајца (домашни) и масти (маслац, пилешка, свинска и говедска маст).
– Ладно цедени масла – кокосово, ленено, маслиново, сусамово масло.
– Кромид, лук, ѓумбир, куркума, билни зачини.
– Домашни супи (зеленчукова, пилешка, рибја чорба, супа од коски).
– Лимон, авокадо и зелени јаболки (грени смит).
– Смути – кашести сокови од зеленчук.
– Јаткасти плодови и семки во мали количини (освен кикиритки).
– Вода, билни чаеви, лимонада.
Храната која мора да ја консумирате во периодот на вашето лекување се состои од многу зеленчук. Различните салати, лукот, кромидот и соковите од зеленчук без шеќер се одличен лек за кандидата.
Потоа, наместо чаша вода, можете да се освежите со чаша цеден лимон и заборавете на другите диети, па започнете со консумирање на месо.
Она што се препорачува, а не смеете да го заборавите е секојдневно консумирање на јогурт. Се мисли на обичен јогурт, не овошен. Јогуртот има лековит ефект кон кандидата и за значително кратко време може да ја излекува.
Се препорачува храната да биде богата со растителни влакна за истата да овозможи механичко отстранување на наталожените габички помеѓу цревните ресички и наборите на цревната слузокожа. Со ваквата исхрана се препорачува да се користат и лековите пропишани од лекар против кандида.