Околу 30 трговски центри и 35 медицински установи во Санкт Петрбург примиле анонимни закани за подметнати бомби, за Тасс изјави извор од Итната служба.
– Околу 30 трговски центри и 35 медицински установи ги примиле писмата со закана за подметната бомба – изјави неименуваниот извор.
Друг извор за Тасс кажа дека во тек е евакуација во трговските центри Академически и Земчузнаја Плаза.
Очевидци пријавуваат на социјалните мрежи дека е во тек и евакуација во трговскиот центар Мега-Дибенко и други трговски центри.
Заедничката прес служба на судовите во Санкт Петербург претходно информира за евакуација на судовите, откако примиле анонимни писма за закани со подметнати бомби.
Неколку судови веќе продолжија со работа, а ниту една закана со бомба не е потврдена.