Граѓаните на Србија се свесни дека нивната земја нема моќ на Косово и за повеќето реална иднина е независност на Косово, а најдобро решение гледаат во суштинска автономија во рамките на Србија, иако не се подготвени за лични одрекувања за таа цел, покажа истражување на Фондацијата за отворено општество.
Претставникот на Ипсос стратеџик маркетинг Срѓан Богосављевиќ изјави дека граѓаните немаат цврсти и конзистентни ставови за Косово туку дека врз нив влијаат поединечни настани и емоции, но и ставовите на околината.
Петина од граѓаните веруваат дека Косово ќе стане независно во иднина, односно дека моменталната состојба ќе се одржи, додека 11 отсто испитаници сметаат дека најдобро решение е останување на Косово во составот на Србија како суштинска автономија, иако не знаат што поразбира тоа.
На прашањето дали Србија треба да се држи до процесот на евроинтеграција по цена на признавање на независноста на Косово, 42 отсто испитаници навеле дека Косово е загубено и оти треба да се фокусира на евроинтеграциите, додека 36 отсто граѓани сметаат дека Србија нема никаква корист од ЕУ и oти не треба да прави компромиси во однос на Косово.