Анкета: Нова демократија со предност од 7,6 отсто пред СИРИЗА

179

Најголемата грчка опозициска партија Нова демократија има предност во популарноста од 7,6 отсто пред владејачката СИРИЗА, покажуваат резултатите од новото истражување на јавното мислење. спроведено од агенцијата за рејтинг МАРЦ за грчката телевизија Антена, јави дописничката на МИА од Атина.

Според анкетата, на претстојните избори за Европскиот парламент, закажани за 26 мај, за Нова демократија би гласале 29,3 отсто од испитаниците, а за СИРИЗА со 21,7 проценти. Потоа следуваат Движењето на промена со 6,3 отсто, Златна зора со шест проценти и Комунистичката партија на Грција (ККЕ) со 5,1 отсто поддршка. Останатите партии имаат поддршка од под три проценти.

Во однос на последниот пакет владини позитивни мерки, шест од 10 Грци оценува дека тие „не се толку важни“ или „воопшто не се важни”, додека 36,9 проценти смета дека се „многу или доста важни“.

На прашањето дали СИРИЗА или Нова демократија е подобра за економската ситуација на домаќинството, 40,2 проценти се изјасниле за влада на Нова демократија на чело со Кирјакос Мицотакис, а 27,9 отсто за влада на СИРИЗА предводена од Алексис Ципрас.

Истражувањето на агенцијата за рејтинг МАРЦ за грчката телевизија Антена било спроведено од 10 до 14 мај и со него биле опфатени 1.292 лица.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...