Анкета: Дали сте ЗА или ПРОТИВ вакцините?

Епидемиологот Жарко Караџоски ги обвини родителите кои не ги вакцинираат своите деца и посочи дека тие се одговорни за судбината на своите деца и дека вршат геноцид врз нив, како и дека епидемијата на морбили ќе продолжи сѐ додека не се вакцинираат или имунизираат 95 отсто од граѓаните. Што мислите вие за ова, дали вашите деца се вакцинирани? Вашите коментари ги очекуваме на Фејсбук странатана „Мајка и дете“.

674

Од Министерството за здравство повторно апелираат за вакцинација со МРП вакцина, почнувајќи од бебиња на 6.месечна возраст до возрасни кои имаат 45 години. Од ова Министерство ги убедуваат граѓаните дека вакцините се со проверен квалитет.

„Уште еднаш апелираме до сите родители, најодговорно да ги сфатат препораките за вакцинирање со МРП вакцината, која заштитува од ова сериозно заразно заболување. Вакцината  во  здравствените домови се аплицира бесплатно, а вакцините се со проверен европски квалитет и рок на траење“, велат од Министерство за здравство

Од почетокот на епидемијата, инфицирани се 220 лица, а три починаа.

Повеќе за ова прочитајте на порталот „Мајка и дете“.

Фото: Pixabey

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...