Анкета: Германските компании не се задоволни од бизнис климата

Компаниите во Германија се помалку се задоволни од актуелната бизнис ситуација, но, сепак, нивните деловни очекувања во врска со изгледите за наредните месеци останаа благо оптимистични.

138

Индексот за бизнис клима, пресметан врз основа на анкетата на Институтот за економија во Минхен, Ифо, во јуни е намален на 101,8 поени, споредено со 102,3 поени од мај, се наведува во соопштение на тој институт, објави Танјуг.

Компаниите во Германија се помалку се задоволни од актуелната бизнис ситуација, но, сепак, нивните деловни очекувања во врска со изгледите за наредните месеци останаа благо оптимистични.

Клаус Ворабе, економист од Институтот, изјави дека економскиот бум во Германија е завршен и дека нејзината економија сега е на пат кон постигнување нормален економски раст.

Според него, индексот Ифо е намален поради можноста за глобална трговска војна и забавување на глобалната економија.

Околу 9.000 компании од различни сектори на германската економија учествуваа во истражувањето на Ифо.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...