Министерството за надворешни работи на Турција го обвини американскиот Стејт департмент дека во соопштението од средбата помеѓу американскиот државен секретар Мајк Помпео и шефот на турската дипломатија Мевљут Чавушоглу погрешно е пренесена содржината на разговорите.
– Соопштението на Стејт департментот не само што не ја одразува содржината на средбата, туку и вклучува прашања што дури не беа поставени на средбата – изјави портпаролот на турското МНР, Хани Аској.
Тој додаде дека соопштението „очигледно било подготвено“ пред средбата меѓу Помпео и Чавушоглу.
– Слични проблеми имаше и при претходните средби со Американците… таквите соопштенија треба да се подготвуваат повнимателно – наведе Аској.