Анкара првпат лансираше турска ракета од брод произведен во Турција

126

Турција по првпат успешно истрела домошнопроизведена противбродска ракета АТМАКА од брод, произведен во таа земја, соопшти турското Претседателство на одбранбената индустрија (ССБ).

„По првпат лансиравме домашна ракета од домашен брод. Осмислена и произведена од „Рокетсан“, наша прва национална крилеста ракета АТМАКА  од бродот ТЦГ Киналиада“, соопшти Претседателството.

ТЦГ Киналиада, е четвртата корвета (мал воен брод) која беше исградена во Турција, а во експлоатација беше пуштена во септември.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...