Анкара: Наскоро ќе откриеме што се случило со телото на Кашоги

На турските истражни органи им биле доставени ДНК примероци од Кашоги и дека сега нема да мораат да бараат примероци од Саудиска Арабија.

113
ФОТО: EPA-EFE /ALI HAIDER

Турските истражни органи наскоро веројатно ќе утврдат што се случило се „телото на убиениот саудиски новинар Џамал Кашоги“, изјави денеска неименуван висок официјален турски претставник.

Тој нагласи дека на турските истражни органи им биле доставени ДНК примероци од Кашоги и дека сега нема да мораат да бараат примероци од Саудиска Арабија.

Саудиските власти синоќа соопштија дека Кашоги, кој беше новинар на весникот „Вашингтон пост“, бил убиен при тепачка со група луѓе кои ги сретнал во Саудискиот конзулат во Истанбул, што претставува прво официјално признание од страна на Ријад дека тој повеќе не е жив, откако две недели тврдеше дека нема никкава врска со неговото исчезнување.

На Кашоги му се загуби секаква трага откако на 2 октомври влезе во Саудискиот конзулат во Истанбул за да набави документи што му биле потреби за венчавање со турска државјанка.

Саудиските власти досега тврдеа дека Кашоги го напуштил Конзулатот, иако Турција тврдеше дека има докази оти новинарот е убиен во зградата на дипломатското претставништво.

Меѓутоа, Ријад сега соопшти дека води истрага во врска со „убиството на Кашоги“, при што веќе биле уапсени 18 Саудијци, како и дека поради овој случај од своите должности биле разрешени советникот на Кралскиот суд, Сауд ал Катани и заменик-директорот на саудиската разузнавачка служба Ахмед Асири.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...