Андреј Новаков избран за главен преговарач на ЕУ за структурните фондови

Бугарскиот европратеник Андреј Новаков е избран за главен преговарач за структурните инвестициски фондови на ЕУ за периодот по 2020 година.

128

Бугарскиот европратеник Андреј Новаков е избран за главен преговарач за структурните инвестициски фондови на ЕУ за периодот по 2020 година.

Новиков, кој е член на партијата Граѓани за европски развој на Бугарија на бугарскиот премиер Бојко Борисов, е избран на оваа функција во рамки на тековната пролетна сесија на Европскиот парламент.

Се очекува вредноста на структурните фондови на ЕУ за периодот 2021-2027 година да изнесува над 300 милијарди евра.

Како што јави БТА, Новаков ќе биде одговорен за преговорите околу законските предлози на Европската комисија за овие фондови, како и за функционирањето, дозволените олеснувања и условите за финансирање на проекти.

За заменик на Новаков е избрана европратеничка Констанца Крел од Социјалдемократската партија на Германија (СПД).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...