Актерката Памела Андерсон на Твитер објави дека и недостигна нејзиниот пријател Џулијан Асанж.
Пред неколку години медиумите објавија дека Андерсон е во врска со основачот на Викиликс. Таа често го посетуваше Асанж во Амбасадата на Еквадор во Лондон, каде тој доби заштита и азил.
Но, извесен период не се дозволени посети на Асанж.
„Не ми е овозможено да го посетам Џулијан речиси една година. На сите ни недостига неговиот глас. Ми недостига неговата насмевка, неговата немирна насмевка и неговата детска љубопитност. Тој е единствен – силен и посветен човек. Ти благодарам за твојата жртва. Знам дека си добро и оти ќе те видам повторно“, наведе Андерсон на Твитер.
Таа упати апел до јавните личности да се обидат да му помогнат на Асанж.
Андерсон е во врска со фудбалерот Адил Рами, кој е 18 години помлад од неа.