Англиските клубови по половина век во осминафиналето во ЛШ

81

И шесте претставници на Англија во осминафиналето во европските клубски турнири ги надминаа своите ривали и продолжуваат во следната фаза. Откако Ливерпул, Тотенхем, Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед се пласираа во четвртфиналето во Лигата на Шампионите, истото го направија и Арсенал и Челзи во Лига Европа.

Тоа значи дека за прв пат по 48 години, во четвртфиналето ќе има 6 екипи од колевката на фудбалот. На почетокот на сезоната само Барнли отпадна, но останатите тимови ги прескокнаа групите во двата турнири, и осминафиналето.

Интересен е и друг факт кој го илустрира брилијантното претставување на клубовите од Островот. Сите победија во реваншите од осминафиналето.

Во Лигата на шампионите Тотенхем ја совлада Борусија (Дортмунд) со 1:0, Манчестер Јунајтед го порази Пари Сен Жермен со 3:1, Ливерпул триумфираше над Баерн (Минхен) со 3:1, а Манчестер Сити одржа предавање против Шалке 04 и ги декласираше „кралско-сините“ со 7: 0.

Во Лига Европа, пак Арсенал ја избриша негативата против Рен со победа од 3:0, а Челзи си поигра со Динамо Киев како гостин – 5: 0.

Вкупната гол-разлика во овие 6 натпревари е 22:2 во корист на англиските тимови.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...