Ангеловска ѝ посака добредојде на Гордана Димитровска Кочоска

Поразговаравме за периодот кој следи, за претходните искуства во реалниот сектор. На крајот на денот верувам дека сите го сакаме најдоброто за нашата земја, економски раст и прогрес, напиша на фејсбук Ангеловска.

447

Министерката за финансии Нина Ангеловска ѝ посака добредојде на дополнителна заменик министерката Гордана Димитровска Кочоска.

„Првичен состанок за добредојде со дополнителната заменик министерка Гордана Димитриевска Кочоска и заменик министерката Ширет Елези. Поразговаравме за периодот кој следи, за претходните искуства во реалниот сектор. На крајот на денот верувам дека сите го сакаме најдоброто за нашата земја, економски раст и прогрес“, напиша на фејсбук Ангеловска.

Димитриевска Кочоска професионално е ангажирана како финансиски консултант во областа на контролинг и финансии. Претходно работеше во Стопанска Банка, во Македонски Телеком во секторот на даноци, во Министерство за финансии во Секторот за јавен долг, а беше дел и од АД ЕСМ како директорка на финансии.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...