Ангеловска тврди дека годината е во знак на економијата

Ако ги гледаме и разговараме реално бројките може кој било да види и да каже дали некаде гледа дека има сомневање дека ова не било економска година и дека не ги достигнува поставените индиктори, вели Ангеловска

41

Бројките и резултатите годинава покажуваат дека таа е економска. Тоа, како што оценува министерката за финансии Нина Ангеловска, го покажува растот на БДП, вработеноста, индустријата, градежништвото, потрошувачката, а има раст и кај странските директни инвестиции.

– Ако ги гледате бројките за растот на БДП тој е проектиран на 3,5 проценти, а во првите два квартала веќе изнесува 3,6 отсто, а сега ги очекуваме и за третиот квартал и ако ги погледнеме сите параметри дека се работи за широко базиран раст, дека расте вработеноста, расте индустријата, градежништвото, потрошувачката се работи за бројки што укажуваат дека може да се каже дека ова е економска година. Ако ги гледаме и разговараме реално бројките може кој било да види и да каже дали некаде гледа дека има сомневање дека ова не било економска година и дека не ги достигнува поставените индиктори – изјави Ангеловска

Таа смета дека е забележан раст на странските директни инвестиции, ако се споредуваатт осумте квартали од јули до јули откако е оваа Влада, и претходните квартали.

Ангеловска потенцира дека е важно да се согледа и сопственичката структура на капиталот, да се има предвид дека се работи за трансакции што имаат одливи и приливи кон други земји, а не, како што истакна, едноставно да се гледа само бројката во еден одреден момент и затоа треба една посеопфатна слика, а ќе дојде крајот на годината и ќе може да разговараме и да ги оцениме точно бројките.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...