Ангеловска: Не се зголемува администрацијата, се вработува поради пензионирање

Согласност за вработување од надлежните министерства, за финансии или за информатичко општество, се дава само ако условите се исполнети, ако е тоа согласно годишниот план и ако потребата е оправдана. Во спротивно, не се издава согласност. Се разгледува и дали корисникот има буџетски средства, како и колкав е обемот на работа, рече министеркта.

790

Пензионирањето на вработени во администрацијата и природниот одлив се причини за вработувањата во администрацијата кои се во тек. Ние даваме мислење дали институциите имаат пари за тоа, изјави министерката за финансии Нина Ангеловска по потпишувањето на договорите со КФВ банката.

– Согласност за вработување од надлежните министерства, за финансии или за информатичко општество, се дава само ако условите се исполнети, ако е тоа согласно годишниот план и ако потребата е оправдана. Во спротивно, не се издава согласност. Се разгледува и дали корисникот има буџетски средства, како и колкав е обемот на работа – рече министеркта.

Според неа, нема зголемен број на вработувања.

– Кога дојдов на функцијата прашав како одат работите и сега гледам дека нема зголемен број на вработувања. Тие се според програмите за вработување во институциите поради пензионирање на работниците или поради природниот одлив на кадар – рече Ангеловска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...