Ангеловска: Наплатата на даноци подобрeна, буџетот ликвиден

Имаме зголемување на даноците и придонесите за 10,7 отсто во јануари во споредба со истиот период минатата година, имаме раст на придонесите од 19 отсто, раст на наплатата на ДДВ од 6,2 отсто, на акцизите, што покажува одлична реализација и дека економијата е стабилна.

56

Буџетот е ликвиден, а во јануари наплатата на даноците е подобра за 10,7 отсто во однос на истиот период лани или повисока за 23 милиони евра, изјави министерката за финансии Нина Ангеловска одговарајќи на новинарско прашање за време на работната посета во Свети Николе.

– Буџетот е ликвиден, одлична е реализацијата на буџетот во месец јануари. Имаме зголемување на даноците и придонесите за 10,7 отсто во јануари во споредба со истиот период минатата година, имаме раст на придонесите од 19 отсто, раст на наплатата на ДДВ од 6,2 отсто, на акцизите, што покажува одлична реализација и дека економијата е стабилна. Исто така и реализацијата на расходната страна е добра, се работи за солиден почеток и се надевам дека и во следниот период, и покрај тоа што е предизборен период, дека позитивните ефекти, како членството во НАТО ќе преовладаат и дека економијата ќе продолжи да се движи во позитивна насока и во следниот период – рече Ангеловска.

Министерката за финании во рамки на работната посета на Општината оствари средба со бизнис заедницата и посети инвестиција преку Проектот за подобрување на општински услуги – Градскиот пазар, заедно со евроамбасадорот Самуел Жбогар и градоначалникот на Свети Николе, Сашо Василевски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...