Ангеловска Бежоска: Процесот на замена на парите е сложен и долгорочен

Ангеловска Бежоска наведе дека централната банка ја анализа усогласеноста на книжните и ковани пари со новиот закон, но според неа тоа ќе трае околу пет години за да се финализира овој процес.

274

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска Бежоска смета дека имплементацијата на Законот за јазици во делот на парите не е доволно јасен. Таа во синоќешното издание на емисијата „Економски магазин” на телевизија Алсат рече дека не е јасно дали треба да има промена на сите забелешки, или само на некои.

– Сето тоа ќе биде процес кој ќе се одржи во иднина со појасна слика за тоа кои се обврските и активностите на кои треба да продолжиме да работиме – рече гувернерката.

Инаку во член 8, став 1 од Законот за употребата на јазиците се наведува дека „книжни и ковани пари и поштенски марки ќе содржат симболи кои претставуваат културно наследство на граѓаните кои зборуваат на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на јазикот што го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните и неговото писмо”.

Ангеловска Бежоска наведе дека централната банка ја анализа усогласеноста на книжните и ковани пари со новиот закон, но според неа тоа ќе трае околу пет години за да се финализира овој процес.

– Би рекла дека менувањето на дизајнот, изгледот на парите и вклучувањето на елементите што ги спомнавме со Законот бараат повеќе време, треба да сме свесни за ова. За тоа, исто така сведочат европските искуства. На пример, тука може да зборуваме за искуството на Европската централна банка (ЕЦБ), каде што од моментот на донесување на одлуката за издавање на нова серија на евро банкнотите се до последната фаза, нивното печатење и пуштање во оптек траеше околу пет години. И покрај тоа, централната банка ќе спроведе детаљна анализа и ќе го почитува законот – рече Ангеловска Бежоска.

Таа додаде дека процесот на замена на парите е сложен и долгорочен.

– Првично, мора да се направи избор на идејно решение што значи дека ќе има тендер и јавен повик. Дури потоа ќе следува избор на идејно решение. Тоа треба да биде отворен тендер за избор на компанија која ќе ги испечати новите банкноти, а потоа на ред е контролната постапка се до пуштање на нови валути во оптек – појасни таа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...